Стандардно, Tor Browser ја штити вашата безбедност со енкриптирање на вашите податоци од прелистувањето. Вие дополнително можете да ја зголемите вашата безбедност со одбирање на оневозможување на конкретни веб карактеристики кои можат да бидат користени за напад на вашата безбедност и анонимност. Ова можете да го направите со покачување на Безбедносните поставки на Tor Browser во штит менито. Подигнувањето на безбедносното ниво на Tor Browser ќе ги запре некои веб страни да функционираат правилно, така што ќе треба безбедносните потреби да одговараат на степенот корисност која ви е потребна.

ПРИСТАПУВАЊЕ ДО БЕЗБЕДНОСНИ ПОСТАВКИ

До безбедносните поставки може да пристапите со кликање на Штит иконата која се наоѓа до Tor Browser URL лентата. За да ги видите и прилагодите вашите Безбедносни поставки, кликнете на копчето 'Напредни безбедносни поставки...' во штит менито.

НИВОА НА БЕЗБЕДНОСТ

Подигнувањето на Безбедносното ниво во Безбедносни поставки на Tor Browser ќе ги оневозможи или делумно ќе ги оневозможи одредените карактеристики на прелистувачот со цел истите да штитат од можни напади. Можете повторно да ги овозможите овие поставки во било кое време со прилагодување на вашето Безбедносно ниво.

Стандардно

На ова ниво, сите карактеристики на Tor Browser и веб страните се овозможени.

Побезбедно
  • Ова ниво ги оневозможува каркатеристиките на веб страната кои често се опасни. Ова може да предизвика некои веб страни да ја изгубат функционалноста.

  • JavaScript е оневозможена на сите не-HTTPS веб страни; некои фонтови и математички симболи се оневозможени; аудио и видео (HTML5 media) се кликни-да-пуштиш.

Најбезбедно
  • Ова ниво ги дозволува само карактеристиките за веб страните кои се потребни за статични веб страни и основни сервиси. Овие промени може да влијаат на слики, медија и скрипти

  • Javascript е стандардно оневозможена на сите веб страни; некои фонтови, икони, математички симболи, и слики се оневозможени; аудио и видео (HTML5 медија) се кликни-да-пуштиш.