Tor Browser ја користи Tor мрежата за да ја заштити вашата приватност и анонимност. Користењето на Tor мрежата има два главни параметри:
Вашиот Интернет провајдер, и секој кој го надгледува вашето поврзување локално, нема да биде во можност да ги следи вашите активности на Интернет, вклучувајќи ги и имињата и адресите на веб страните кои ги посетувате.
Операторите на веб страните и услугите кои ги користите, и секој кој ги надгледува нив, ќе види поврзување кое доаѓа преку Tor мрежата наместо преку вашата реална Интернет (IP) адреса, и нема да знае кој сте вие, освен доколку вие експлицитно не се идентификувате себеси.
Во продолжение, Tor Browser е дизајниран да ги превенира веб страните кои прават ваше „отпечатување“ или идентификување базирајќи се на вашата конфигурација на прелистувачот.
Стандардно, Tor Browser не чува никаква историја на пребарување. Колачињата единствено се валидни за една сесија (додека Tor Browser се исклучи или Нов идентитет не биде побаран).
КАКО РАБОТИ TOR
Tor е мрежа од виртуелни тунели кои ви дозволуваат да ја подобрите вашата приватност и безбедност на Интернет. Tor работи тако што го праќа вашиот сообраќај низ произволно избрани сервери (исто така познати како релеа) во Tor мрежата. Последното реле во кругот (излезното реле) го препраќа сообраќајот кон јавниот Интернет.
The image above illustrates a user browsing a website over Tor where the traffic goes over multiple hops or relays, represented by the slices of onion, and is encrypted and decrypted at each hop.