Кога го стартувате Tor Browser, ќе го видите Поврзување на Tor прозорецот. Ова ви дава можност да се поврзете директно на Tor мрежата, или да го конфигурирате Tor Browser за вашето поврзување. Постои квадрат за чекирање каде се прашувате дали секогаш сакате да се поврзувате автоматски на Tor мрежата, и доколку е така, чекирајте го овој квадрат.

ПОВРЗИ

Кликнете 'поврзи' за поврзување на Tor

Во повеќето случаи, избирањето на „Поврзи“ ќе ви дозволи да се поврзете на Tor мрежата без било каква понатамошна конфигурација.

Кога еднаш ќе биде кликната, статусната лента ќе се појави, покажувајќи го напредокот на поврзувањето на Tor. Ако сте на релативно брза конекција, но оваа лента изгледа дека заглавила во одредена точка, обидете се со 'Помош при поврзување' или видете ја Справување со проблеми страната за помош за решавање на проблемот. Or, if you know that your connection is censored or uses a proxy, you should click on "Configure Connection".

Click 'Configure Connection' to adjust network settings

ПОМОШ ПРИ ПОВРЗУВАЊЕ

Ако Tor е блокиран на вашата локација, обидувањето со користење на мост може да помогне. Помош при поврзување може да избере еден за вас користејќи ја вашата локација.

Автоматска Помош при Поврзување

Ако Помош при Поврзување не е во можност да ја одреди вашата локација или наместо тоа сакате да го конфигурирате вашето поврзување рачно, можете да го изберете вашиот регион од паѓачкото мени и кликнете на 'Пробај Мост'.

Конфигурирање на Помош при Поврзување

КОНФИГУРИРАЈ

Tor Browser ќе ве однесе низ серија опции за конфигурирање.

Помош при Поврзување ве информира за состојбата на вашето Интернет поврзување и вашето поврзување на Tor мрежата.

Успешен Тест за Поврзување

Неуспешен Тест за Поврзување

Првиот квадрат за чекирање е 'БрзПочеток'. Ако е одбран, секогаш кога ќе го отворите Tor Browser, ќе се обиде да се поврзе со вашите претходни мрежни поставки.

БрзПочеток

Ако знаете дека вашето поврзување е цензурирано, или ако сте се обиделе и не сте успеале да се поврзете на Tor мрежата и ниту едно друго решение работело, можете да го конфигурирате Tor Browser да користи pluggable transport. 'Мостови' ќе ја прикаже Заобиколување секцијата за конфигурирање на pluggable transport или за поврзување користејќи Мостови.

Конфигурирај Tor мост

ДРУГИ ОПЦИИ

Ако вашето поврзување користи прокси можете да го конфигурирате со кликнување на 'Поставки...' наместо 'Конфигурирај како Tor Browser се поврзува на Интернет'. Во најголемиот број случаи, ова не е потребно. Најчесто ќе знаете ако треба да го чекирате овој квадрат бидејќи истите поставки ќе бидат користени за други прелистувачи на вашиот систем. Ако е можно, прашајте го вашиот мрежен администратор за насоки. Ако вашето поврзување не користи прокси, кликнете "Поврзи".

Прокси поставки за Tor Browser