Tor Browser мора да биде ажуриран цело време. Ако продолжите да користите застарена верзија на софтверот, може да бидете ранливи на сериозни безбедносни пропусти кои ја компромитираат вашата приватност и анонимност.
Tor Browser ќе ве извести да го ажурирате софтверот веднаш кога ќе биде објавена нова верзија: главното мени (≡) ќе појави зелен круг со стрелка насочена нагоре во него, а може ќе видите и пишан индикатор за ажурирање кога Tor Browser се отвора. Можете да го ажурирате автоматски или рачно.
Автоматско ажурирање на Tor Browser
When you are prompted to update Tor Browser, click on the main menu (≡), then select "Update available - restart now".
Почекајте го ажурирањето да се преземе и инсталира, потоа Tor Browser ќе се рестартира. Вие сега ќе ја користите последната верзија.
Рачно ажурирање на Tor Browser
Кога ќе бидете известени за ажурирање на Tor Browser, завршете ја сесијата на пребарување и затворете ја програмата.
Отстранете го Tor Browser од вашиот систем со бришење на папката која го содржи (видете ја Деинсталирање секцијата за повеќе информации).
Посетете ја https://www.torproject.org/download/ и преземете копија од последната верзија на Tor Browser изданието, потоа инсталирајте ја како порано.