Вие треба да бидете во можност да започнете да прелистувате на веб користејќи го Tor Browser кратко откако ќе ја стартувате програмата, и со кликнување на копчето "Поврзи" ако го користите за првпат.

Кликни 'Поврзи' за поврзување на Tor

Помош при Поврзување ве информира за состојбата на вашето Интернет поврзување ако кликнете на 'Тест'.

Тест за Помош при Поврзување

Check your Internet Connection if it says 'Offline'. If your connection to the Tor Network is not established and it reads 'Not Connected' the following steps can be helpful.

Помош при Поврзување офлајн грешка

БРЗИ ПОПРАВКИ

Ако Tor Browser не се поврзува, може да има едноставно решение. Пробајте го секое од следниве:

  • Часовникот на вашиот компјутерски систем мора да биде точно поставен или Tor нема да може да се поврзе.
  • Осигурите се дека друг Tor Browser или инстанца на 'Tor' не е веќе стартувана на вашиот систем. Ако не сте сигурни дали Tor Browser е стартуван, рестарирајте го вашиот компјутер.
  • Осигурите се дека секоја антивирусна програма која сте ја инсталирале не го спречува стартувањето на Tor. Можеби ќе треба да ја проверите документацијата на вашиот антивирусен софтвер ако не знаете како да го направите ова.
  • Привремено оневозможете го вашиот заштитен ѕид.
  • Tor Browser работел претходно и сега не работи можеби вашиот систем претходно хибернирал. Рестартирањето на вашиот систем ќе го реши овој проблем.
  • Избришете го Tor Browser и инсталирајте го повторно. Доколку веќе се ажурирал, немојте само да ги презапишете вашите претходни датотеки на Tor Browser; осигурите се дека пред тоа се избришани.

ВИДИ TOR ЛОГОВИ

Во повеќето случаи, прегледот низ логовите на Tor може да биде од корист при дијагностицирањето на проблемот. Ако имате проблеми со поврзување, порака со грешка може да се појави и можете да ја изберете опцијата "копирај Tor Логови во таблата со исечоци". Потоа залепете ги Tor логовите во текст датотека или во друг документ.

Ако не ја гледате оваа опција и Tor Browser ви е отворен, можете да отидете до хамбургер менито ("≡"), потоа кликнете на "Поставки", и конечно на "Поврзување" од страничната лента. На дното на веб страната, до "Види Tor логови" текстот, кликнете на копчето "Види логови...".

Алтернативно, на GNU/Linux, за да ги видите логовите директно во терминалот, одете во Tor Browser директориумот и стартувајте го Tor Browser од командната линија со:

./start-tor-browser.desktop --verbose

Или за зачувување на логовите во датотека (стандардно: tor-browser.log):

./start-tor-browser.desktop --log [file]

Повеќе информации за ова можете да се најдат на Порталот за Поддршка.

Дали вашето поврзување е цензурирано?

Ако сеуште не сте поврзани, вашиот Интернет провајдер може да ги цензурира поврзувањата кон Tor мрежата. Прочитајте ја секцијата Заобиколување за можни решенија.

Познати проблеми

Tor Browser е под постојано развивање, и некои проблеми се веќе познати но не се сеуште поправени. Ве молиме проверете ја Познати проблеми веб страната за да видите дали проблемот со кој се соочувате е веќе излистан таму.