Најбезбедниот и наједноставниот начин за преземање на Tor Browser е од официјалната Tor Project веб страна на https://www.torproject.org. Вашата конекција до страната ќе биде обезбедена со користење на HTTPS, што ќе направи да биде многу потешко за некој да го пресретне Интернет сообраќајот.

Како и да е, постојат случаи кога нема да можете да пристапите на страната на Tor Project, на пример: може да биде блокирана на вашата мрежа. Ако ова се случи, можете да користите еден од алтернативните методи за преземање од листата подолу.

Mirrors

If you're unable to download Tor Browser from the official Tor Project website, you can instead try downloading it from one of our official mirrors, either through EFF or Calyx Institute.

GetTor

GetTor е услуга која што автоматски одговара на пораки со линкови до најновите верзии на Tor Browser, хостирани на различни локации, како што се Dropbox, Google Drive and GitHub.

Да го користите GetTor преку е-пошта:

Пратете е-пошта на gettor@torproject.org, и во пораката пишете единствено „windows“, „osx“, или „linux“, (без наводниците) зависно од вашиот оперативен систем.

GetTor ќе ви одговори со е-пошта што содржи линкови од кои можете да го преземете Tor Browser пакетот, криптираниот потпис (потребен за верификација на преземањето), отпечатокот од клучот користен за создавање на потписот, и контолната сума или попозната како хаш вредноста на пакетот. Може ќе ви бидете понуден избор помеѓу 32-битен и 64-битен софтвер: ова зависи од моделот на компјутер кој го користите.

За да користите GetTor преку Твитер:

За да добиете линкови за преземање на Tor Browser на англиски за OS X, испратете директна порака на @get_tor со зборовите "osx en" во неа (не е потребено да го следите и сметката).

За да го користите GetTor преку Jabber/XMPP (Jitsi, CoyIM, итн.):

За да добиете линкови за преземање на Tor Browser на кинески за Линукс, испратете порака на gettor@torproject.org со зборовите "linux zh" во неа.