Tor Browser мора да биде ажуриран цело време. Ако продолжите да користите застарена верзија на софтверот, може да бидете ранливи на сериозни безбедносни пропусти кои ја компромитираат вашата приватност и анонимоност.

Tor Browser ќе ве извести да го ажурирате софтверот веднаш кога нова верзија ќе биде објавена: Torbutton иконата ќе појави жолт триаголник, а може ќе видите и пишан индикатор за ажурирање кога Tor Browser се отвора. Можете да го ажурирате автоматски или рачно.

Автоматско ажурирање на Tor Browser

Кога ќе бидете известени да го ажурирате Tor Browser, кликнете на Torbutton иконата, потоа одберете "Провери за ажурирање на Tor Browser".

Кога Tor Browser ќе заврши со проверувањето за ажурирања, кликнете на копчето "Ажурирај".

Почекајте го ажурирањето да се преземе и инсталира, потоа рестартирајте го Tor Browser. Вие сега ја користите последната верзија на Tor Browser.

Рачно ажурирање на Tor Browser

Кога ќе бидете известени за ажурирање на Tor Browser, завршете ја сесијата на пребарување и затворете ја програмата.

Отстранете го Tor Browser од вашиот систем со бришење на папката која го содржи (видете ја Деинсталирање секцијата за повеќе информации).

Посетете ја веб страната https://www.torproject.org/projects/torbrowser.html.en и преземете копија од последниот објавен Tor Browser, потоа инсталирајте го како претходно.