Кога го стартувате Tor Browser, ќе го видите Поврзување на Tor прозорецот.
Ова ви дава можност да се поврзете директно на Tor мрежата, или да го конфигурирате Tor Browser за вашето поврзување.
Постои квадрат за чекирање каде се прашувате дали секогаш сакате да се поврзувате автоматски на Tor мрежата, и доколку е така, чекирајте го овој квадрат.
ПОВРЗИ

Во повеќето случаи, избирањето на „Поврзи“ ќе ви дозволи да се поврзете на Tor мрежата без било каква понатамошна конфигурација.
Кога еднаш ќе биде кликната, статусната лента ќе се појави, покажувајќи го напредокот на поврзувањето на Tor.
Ако сте на релативно брза конекција, но оваа лента изгледа дека заглавила во одредена точка, обидете се со 'Помош при поврзување' или видете ја Справување со проблеми страната за помош за решавање на проблемот.
Или, ако знаете дека вашето поврзување е цензурирано или користи прокси, треба да кликнете на "Tor Мрежа Поставки".

ПОМОШ ПРИ ПОВРЗУВАЊЕ
Ако Tor е блокиран на вашата локација, обидувањето со користење на мост може да помогне. Помош при поврзување може да избере еден за вас користејќи ја вашата локација.

Ако Помош при Поврзување не е во можност да ја одреди вашата локација или наместо тоа сакате да го конфигурирате вашето поврзување рачно, можете да го изберете вашиот регион од паѓачкото мени и кликнете на 'Пробај Мост'.

КОНФИГУРИРАЈ
Tor Browser ќе ве однесе низ серија опции за конфигурирање.
Помош при Поврзување ве информира за состојбата на вашето Интернет поврзување и вашето поврзување на Tor мрежата.


Првиот квадрат за чекирање е 'БрзПочеток'. Ако е одбран, секогаш кога ќе го отворите Tor Browser, ќе се обиде да се поврзе со вашите претходни мрежни поставки.

Ако знаете дека вашето поврзување е цензурирано, или ако сте се обиделе и не сте успеале да се поврзете на Tor мрежата и ниту едно друго решение работело, можете да го конфигурирате Tor Browser да користи pluggable transport.
'Мостови' ќе ја прикаже Заобиколување секцијата за конфигурирање на pluggable transport или за поврзување користејќи Мостови.

ДРУГИ ОПЦИИ
Ако вашето поврзување користи прокси можете да го конфигурирате со кликнување на 'Поставки...' наместо 'Конфигурирај како Tor Browser се поврзува на Интернет'.
Во најголемиот број случаи, ова не е потребно. Најчесто ќе знаете ако треба да го чекирате овој квадрат бидејќи истите поставки ќе бидат користени за други прелистувачи на вашиот систем.
Ако е можно, прашајте го вашиот мрежен администратор за насоки.
Ако вашето поврзување не користи прокси, кликнете "Поврзи".
