Ако личните информации како што е лозинката за најавување патуваат неенкриптирани преку Интернет, многу лесно може да бидат пресретнати од некој прислушувач. Ако се најавувате на веб страна, треба да се осигурите дека страната нуди HTTPS енкрипција, која што ве заштитува од ваков вид на прислушувања. Ова можете да го проверите во URL лентата: ако вашето поврзување е енкриптирарано, адресата започнува со “https://”, а не со “http://”.
HTTPS-Само Мод e во Tor Browser
HTTPS-Само модот ги присилува сите поврзувања на веб страни да користат безбедно енкриптирано поврзување наречено HTTPS.
Повеќето веб страни веќе имаат HTTPS поддршка; некои ги поддржуваат и двете и HTTP и HTTPS.
Овозможувањето на овој мод гарантира дека сите ваши поврзувања на веб страните се надградени да користат HTTPS па со тоа се и безбедни.

Некои веб страни поддржуваат само HTTP и поврзувањето не може да биде надградено. Ако HTTPS верзијата на веб страната не е достапна, ќе ја видите страната "Безбедно поврзување не е достапно":

Ако кликнете на 'Продолжи на HTTP веб страна' го прифаќате ризикот и тогаш ќе ја посетите HTTP верзијата на веб страната. HTTPS-Само модот ќе биде времено исклучен за таа веб страна.
Кликнете на копчето 'Врати се назад' ако сакате да ги избегнете сите неенкриптирани поврзувања.
Следната визуелизација покажува кои информации се видливи за прислушувачите со и без Tor Browser и HTTPS енкрипција:
- Кликнете на "Tor" копчето за да видите кои податоци се видливи за набљудувачите кога користите Tor. Копчето ќе стане зелено за да означи дека Tor е вклучен.
- Кликнете на "HTTPS" копчето за да видите кои податоци се видливи за набљудувачите кога користите HTTPS. Ова копче ќе стане зелено за да означи дека Tor е вклучен.
- Кога двете копчиња се зелени, ги гледате податоците кои се видливи за набљудувачите кога ги користите двете алатки.
- Кога двете копчиња се сиви, ги гледате податоците кои се видливи за набљудувачите кога не користите ниту една од услугите.
ПОТЕНЦИЈАЛНО ВИДЛИВИ ПОДАТОЦИ
-
Site.com
-
Веб страната беше посетена.
-
корисник / pw
-
Корисничко име и лозинка користени за автентикација.
-
податоци
-
Податоци кои се пренесуваат.
-
локација
-
Мрежна локација на компјутерот кој е користен за посета на веб страната (јавната IP адреса).
-
Tor
-
Дали Tor е користен или не.