FLASH PLAYER
Видео веб страните, како што е Vimeo имаат потреба од Flash Player приклучок за да ја прикажат видео содржина. За жал, овој софтвер работи независно од Tor Browser и не може лесно да се принуди да ги почитува поставувањата на Tor Browser проксито. Затоа Flash Player може да им ги открие вашата реална локација и IP адреса на операторите на веб страните, или на некој надворешен набљудувач. Од оваа причина, Flash е стандардно оневозможен во Tor Browser и неговото овозможување не се препорачува.
Некои видео веб страни (како што е YouTube) нудат алтернативни методи за видео достава кои не користат Flash. Овие методи можат да бидат компатибилни со Tor Browser.
JAVASCRIPT
JavaScript е јазик за програмирање кои што веб страните го користат за да понудат интерактивни елементи како што се видео, анимација, аудио и статусна временска линија. За жал, JavaScript исто така може да овозможи напади на безбедноста на вашиот прелистувач кои може да доведат до ваша деанонимизација.
Tor Browser вклучува додаток наречен NoScript: Достапен е преку "Преферирања" (или "Опции" на Windows) во хамбургер менито (≡), потоа одберете 'Уреди' и повлечете ја "S" иконата до горе-десно на прозорецот. NoScript дозволува да ја контролирате JavaScript (и други скрипти) кои се стартуваат на индивидуални веб страни, или ги блокира целосно.
Корисниците кои бараат висок степен на безбедност за нивното веб пребарување треба да го постават Tor Browser Безбедносно Ниво на "Побезбедно" (кој што ја оневозможува JavaScript за не-HTTPS веб страните) или на "Најбезбедно" (кој го прави ова за сите веб страни). Како и да е, оневозможувањето на JavaScript ќе спречи многу од веб страните да се прикажат правилно, па Tor Browser стандардната поставка е да дозволи сите веб страни да стартуваат скрипти на мод "Стандардно".
ДОДАТОЦИ ЗА ПРЕЛИСТУВАЧ
Tor Browser е базиран на Firefox и било кои додатоци за прелистувач или теми кои се компатибилни со Firefox можат да бидат инсталирани и на Tor Browser.
Како и да е, единствените додатоци кои што се тестирани за употреба со Tor Browser се оние кои се стандардно вклучени во него. Инсталирањето на било кои други додатоци за прелистувач можат да ја прекинат функционалноста на Tor Browser или да предизвикаат сериозни проблеми кои ќе се одразат на вашата приватност и безбедност. Строго го обесхрабруваме инсталирањето на дополнителни додатоци и Tor Project не нуди поддршка за овие конфигурации.