Ако преферирате, Tor Browser може да биде направен преносен со негово отпакување од неговата архива директно на отстранлива медија како УСБ уред или СД картица. Препорачано е да користите запишувачка медија така што Tor Browser може да биде ажуриран по потреба.

За Windows:

  1. Приклучете ја отстранливата медија и форматирајте ја. Секој тип на системска датотека ќе работи.

  2. Одете на Tor Browser веб страната за преземање.

  3. Преземете ја Windows .exe датотеката и зачувајте ја директно на вашата медија.

  4. (Препорачано) Верификувајте го потписот на датотеките.

  5. Кога преземањето е завршено, кликнете на .exe датотеката и започнете го процесот на инсталација.

  6. Кога инсталацијата ќе ве праша каде да го инсталира Tor Browser, изберете ја вашата отстранувачка медија.

За macOS:

  1. Вклучете ја вашата отстранувачка медија и форматирајте ја. Морате да користите Mac OS Extended (Journaled) формат.

  2. Одете на Tor Browser веб страната за преземање.

  3. Преземете ја macOS .dmg датотеката и зачувајте ја директно на вашата медија.

  4. (Препорачано) Верификувајте го потписот на датотеките.

  5. Кога преземањето е завршено, кликнете на .dmg датотеката и започнете го процесот на инсталација.

  6. Кога инсталацијата ќе ве праша каде да го инсталира Tor Browser, изберете ја вашата отстранувачка медија.

За GNU/Linux:

  1. Приклучете ја отстранливата медија и форматирајте ја. Секој тип на системска датотека ќе работи.

  2. Одете на Tor Browser веб страната за преземање.

  3. Преземете ја Linux .tar.xz датотеката и зачувајте ја директно на вашата медија.

  4. (Препорачано) Верификувајте го потписот на датотеките.

  5. Кога преземањето е завршено, отпакувајте ја архивата на медијата исто така.