Отстранувањето на Tor Browser од вашиот систем е едноставно:

На Windows:

  • Пронајдете ја вашата Tor Browser папка или апликација. Стандардната локација е на Десктоп.
  • Избришете ја Tor Browser папката или апликацијата.
  • Испразнете ја вашата Корпа за отпадоци.

На macOS:

  • Пронајдете ја вашата Tor Browser апликација. Стандардната локација е во Апликации папката.
  • Преместете ја апликацијата Tor Browser во корпата за отпадоци.
  • Одете во ~/Library/Application Support/ папката.
  • Забележете дека Библиотека папката е сокриена на новите верзии на macOS. За да дојдете до оваа папка во Пронаоѓач, изберете "Оди во папка..." во "Оди" менито.

Одете во папката мени опции

  • Потоа внесете ~/Library/Application Support/ во прозорецот и кликнете Оди.

Одете во папка прозорецот

  • Пронајдете ја папката TorBrowser-Data и преместете ја во Корпата за отпадоци.
  • Испразнете ја вашата Корпа за отпадоци.

Забележете дека ако не го инсталирате Tor Browser на стандардната локација (папката Апликации), тогаш TorBrowser-Data папката не се наоѓа во ~/Library/Application Support/ папката, туку во истата папка каде сте го инсталирале Tor Browser.

На Linux:

  • Locate your Tor Browser folder. On Linux, there is no default location, however the folder will be named "tor-browser".
  • Launch a terminal window in the Tor Browser folder and run this command to unregister Tor Browser as a desktop application: ./start-tor-browser.desktop --unregister-app
  • Избришете ја Tor Browser папката.
  • Испразнете ја вашата Корпа за отпадоци.

Забележете дека вашата стандардна "Деинсталирај" алатка во вашиот оперативен систем не е користена.