Pluggable Transports се алатки кои Tor може да ги користи за да го маскира сообраќајот што го испраќа. Ова може да биде корисно во ситуации кога Интернет Сервис Провајдерот или друг авторитет актвино ги блокира поврзувањата на Tor мрежата.

Типови на pluggable transport

Моментално има достапни шест pluggable transports, но се развиваат и повеќе.

obfs3 obfs3 го прави Tor сообраќајот да изгледа како да е по случаен избор, па така тој не изгледа како Tor или некој друг протокол. Иако е сеуште стандардно вклучен, наместо obfs3, се препорачува користење на obfs4, бидејќи има неколку безбедносни подобрувања во однос на obfs3.
obfs4 obfs4 прави Tor сообраќајот да изгледа како да е по случаен избор како и obfs3, и исто така спречува цензурирачите да ги најдат мостовите со скенирање на Интернетот. obfs4 мостовите е помалку веројатно да бидат блокирани отколку obfs3 мостовите.
FTE FTE (формат-трансформабилна енкрипција) го маскира Tor сообраќајот како да е обичен веб (HTTP) сообраќај.
meek Сите овие транспорти прават да изгледа дека вие прелистувате позната веб страна наместо дека користите Tor. meek-amazon прави да изгледа дека користите Amazon Web Services; meek-azure прави да изгледа дека користите Микрософт веб страна; и meek-google прави да изгледа дека користите Google пребарувач.
Snowflake Snowflake е подобрување на Flashproxy. Таа го испраќа вашиот сообраќај преку WebRTC, корисник-до-корисник протокол со вграден NET удирач.