Tor Browser вклучува "Безбедносен Лизгач" кој што ви дозволува да ја зголемите вашата безбедност со оневозможување на одредени веб страни кои што можат да бидат користени за напад на вашата безбедност и анонимност. Зголемувањето на нивото на безбедност на Tor Browser ќе ги спречи некои веб страни да функционираат правилно, па треба да ја измерите вашата безбедност наспрема степенот на употребливост кој ви е потребен.

Пристапување на Безбедносниот Лизгач

Безбедносниот Лизгач е лоциран во "Безбедносните Поставки" на Torbutton менито.

Безбедносни нивоа

Зголемувањето на нивото на Безбедносниот Лизгач ќе ги оневозможи или делумно ќе ги оневозможи одредени карактеристики на прелистувачот за да го заштитат од можни напади.

Најбезбедно
На ова ниво, HTML5 видео и аудио медијата стануваат кликни-за-да-пуштиш преку NoScript; сите JavaScript оптимизации на перформансите се оневозможени; некои математички равенки може да не се вчитаат правилно; некои карактеристики за рендерирање фонтови се оневозможени; некои типови на слики се оневозможени; JavaScript е стандардно оневозможена на сите веб страни; повеќето видео и аудио формати се оневозможени; и некои фонтови и икони може да не бидат прикажани правилно.
Побезбедно
На ова ниво, HTML5 видео или аудио медијата стануваат кликни-за-да-пуштиш преку NoScript; сите JavaScript перформанси за оптимизации се исклучени; некои математички равенки може да не се прикажуваат правилно; некои карактеристики за рендерања на фонт се оневозможени; некои видови на слики се оневозможени; и JavaScript е стандардно оневозможена на сите не-HTTPS веб страни.
Стандардно
На ова ниво, сите карактеристики на прелистувачот се оневозможени. Ова е најкористената опција.